Достапни линкови

Поранешниот прв полицаец во Република Српска штрајкува со глад


Поранешниот директор на полицијата на Република Српска, Драгомир Аднан кој беше сменет од функцијата во 2007 година заради сомневање дека криел осомничени од Трибуналот во Хаг, почна штрајк со глад.
Аднан сака канцеларијата на високиот меѓународен претставник во Босна да му ги врати личните документи и правото на работа. Аднан беше разрешен од поранешниот всок претставник во Босна, Мирослав Лајчак. Личните документи му се одземени и тој не може да патува и да го посети семејството кое од 1993 година живее во Белград.
Тој наведе дека високиот претставник на неговите писмени барања одговара дека „не ги исполнува условите за повлекување на решението“.
XS
SM
MD
LG