Достапни линкови

logo-print

ГРЕКО со 13 препораки за Македонија


Групата земји против корупцијата(ГРЕКО) испрати 13 препораки кои Македонија треба да ги исполни до втората половина на 2011 година.
Најновиот извештај на (ГРЕКО) во однос на корупцијата во Македонија констатира дека неодамнешните промени на кривичниот закон и бројните осудувања за корупција, ја покажуваат определбата на македонските власти за справување со корупцијата. Но се констатираат и бројни пропусти.
Во извештајот е опфатена и законската рамка за финасирањето на политичките партии, која е оценета како соодветна, доволно развиена и со солидни елементи. Но, во практиката се забележува загрижувачки пропуст во финансирање на политичките партии.
XS
SM
MD
LG