Достапни линкови

Интервјуто со Павле Филипов предизвика еден куп реакции на нашата веб страна. Коментари предивика и нашата анализа за туризмот во Македонија, прилогот „Сите се жалат никој не крева глас“ и други...

Очигледно, почитувани, сте мошне чувствителни на нашите од другата страна на границите и на искажување разумно зборови, па по интервјуто на уредникот на Радио Слободна Европа со Македонецот од Грција и активист на Виножито, Павле Филипов, на нашата веб-страница за ден-два сте испратиле цел куп реакции. Ја користите можноста да си го кажете своето и во врска со актуелните проблеми со Грција, за кои токму и се зборува во интервјуто.

Пепи од Скопје, на пример, и' забележува на владејачката партија што јавно не ги кажува ставовите за името, туку пуштаат, како што пишува, пробен балон, разговор на претседателот и Дорис Пак како, демек претходните се криви, ја пропуштија шансата… А овие - продолжува Пепи, никако да ја поправат, а пред да дојдат викаа се ќе направат, и фабрики и се…

Мики од Охрид се согласува со Филипов и смета дека кога ќе стане Македонија членка на ЕУ, тогаш и Македонец од Грција ќе биде пратеник. Да - вели Мики, „но како до тоа со грчкото вето?“ Инаку - пишува, „за мене е подобро да се бориш од внатре во ЕУ и НАТО отколку да дремеш во чекална уште сто години по Букурешт“.


Драган кој како дестинација ставил Швајц, во пораката пишува: „Правилни и многу реални согледувања од соговорникот. Потребно е единство“, вели тој. Потпишаниот со Нин од Македонија извикува: „Браво за Павле – слободен Македонец во неслободна Европа!“

Инаку, на нашата веб страница има една одушевена порака од Ацка од југоисточна Македонија кој ја пофалува и дури, на својот Фејсбук-профил ја ставил статијата од нашата новинарка, „Сите се жалат, а сите молчат“, од редакцијата во Скопје. Вели, супер што ви текнало да напишете кратко на оваа тема, при што дава и свој удел: кратко за доловување на поубава слика за состојбите.

Инаку, додека го пишувам извештајов, понеделник околу пладне, најчитан текст е анализата за македонскиот туризам, по која има
сакаме да одиме во Охрид, ама за истите пари одиме и
на море.
една впечатлива порака: „Фер и реален текст за Охрид, зашто не е се ' идеално и се' розово, и само така ќе се подобрат состојбите – сакаме да одиме во Охрид, ама за истите пари одиме и на море. Сепак е наш и сепак е убав, ама тоа не е доволно“, реагира на анализата, Морис од Скопје.

Повторно има многу ваши реакции за спомениците, конкретно по поставувањето на лавовите на мостот Гоце Делчев. Дејан пишува дека СДСМ ја изгуби власта поради грешките, што не ги оправдува постапките на актуелнава власт. Уживајте во инфлацијата, препорачува иронично Дејан од Скопје, „увезена е!“

Ратко, пак, од Ново Лисиче, Скопје, му забележува на СДСМ што се буни за спомениците, за изградбата на патишта и друго. „Да не граделе ВМРО-ДПМНЕ, да давале пари по народот, тоа е ОК“, пишува Ратко, „ама СДСМ ни градеше, ниту пак се имаше тогаш пари, а цела транзиција беа на власт.“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG