Достапни линкови

Тирк: Балканот е виновен за застој во евроинтеграциите


Претседателот на Словенија Данило Тирк ги критикуваше замјите од регионот што сакаат да и се приклучат на Унијата и рече дека Балканот веќе не треба да биде највисокиот приоритет во надворешната политика на ЕУ.
Тирк изјави дека ако дојде до застој во преговорите за приклучување, „најголемиот дел од вината треба да се упати на сметка на земјите кандидати“. Тие земји имаат обврска да ги исполнат критериумите за приклучување, рече Тирк.
Според него, приоритетот на ЕУ мора да биде насочен кон стратешките партнери на Унијата, посебно кон Русија и земјите соседи на истокот.
XS
SM
MD
LG