Достапни линкови

logo-print

Евробарометар: две третини од македонците се за ЕУ


Скоро две третини од Македонците сметаат дека членството во ЕУ е добро за земјата и оти ќе има корист од тоа, покажува анкетата што ја спроведе eвропската статистичка служба Евростат. Според истражувањето, 60 насто од граѓаните на Македонија сметаат дека членството во Унијата е добро за државата, а бројот на оние што веруваат дека членството ќе и донесе корист на земјата е 73 отсто. Она што најмногу ги загрижува и Македонците и граѓаните на ЕУ се невработеноста и економската ситуација. Невработеноста како најголем проблем ја посочиле 63 отсто од македонските граѓани.
XS
SM
MD
LG