Достапни линкови

Обраќање на Обама по повод годишнината од ураганот Катрина


Американскиот претседател Барак Обама по повод одбележувањето на петгодишнината од ураганот Катрина им порача на граѓаните на Њу Орлеанс дека неговата администрација ќе се бори заедно со нив за реконструкција се додека, како што рече, работата не биде завршена. Во ураганот Катрина во 2005 година загинаа речиси 2000 лица, а повеќе од еден милион луѓе останаа без покрив над глава. Во неговиот говор пред Универзитетот во Њу Орлеанс, кој беше потопен како и 80 проценти од градот, Обама рече дека ураганот не претставувал само природна катастрофа, туку и катастрофа што ја предизвикал човечкиот фактор, бидејќи владата не успеала да им помогне на илјадници луѓе кои останале напуштени и сами и оти премногу граѓани и денес не може да се вратат во своите домови или да најдат работа.
XS
SM
MD
LG