Достапни линкови

Валенса не дојде на годишнината од основањето на Солидарност


Основачот на синдикатот Солидарност во Полска, Лех Валенса не се појави на прославата на 30-годишнината од основањето на Солидарност во западното балтичко пристаниште Шчеќин, под изговор дека е премногу уморен. 67-годишниот Валенса долго време е во конфликт со сегашното раководство на Солидарност. Не се очекува тој да присуствува на годишнината на Солидарност ни утре во пристаништето Гдањск.
На својот блог Валенса напишал дека „сака да се омори од тоа во мир и спокојство“.
Валенса остро се противи на подршката на сегашното раководство на Солидарност на конзервативната опозициска партија Право и правда.
XS
SM
MD
LG