Достапни линкови

logo-print

Разбиен српско-босански канал за шверц на оружје


Во соработка на српската и на босанската полиција денеска е разбиен меѓународен канал за шверц на оружје, соопшти српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Во акцијата се уапсени шест луѓе, а запленето е поголемо количество оружје и експлозив. Дачиќ изјави дека лидерот на групата и уште четворица други се уапсени во Белград, а шестиот член е притворен во Босна.
XS
SM
MD
LG