Достапни линкови

Мирчев: Компромис за името е чиста флоскула


Немањето политичка стратегија од тогашната власт, силните бизнис интереси на политичката елита да профитира од војните на Балканот, како и отсуството на свест кај народот дека државата ќе биде самостојна, се главните причини за ненапредувањето на Македонија во евроинтеграциските процеси во деведесеттите години од минатиот век.
Ова се основните заклучоци на трибината на тема „Македонските евроинтеграции во 90-тите години“, што денеска во Скопје се одржа во организација на Институтот Павел Шатев.
На трибината учествуваа пратеникот Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ, кои е и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, професор Димитар Мирчев и поранешниот амбасадор Ристо Никовски.
Професор Мирчев оцени дека можноста за компромис со Грција е чиста флоскула, зашто Атина воопшто не сака компромис.
Учесниците на трибината сметаат дека ЕУ ќе мора да се соочи со пречката наметната од Грција, во моментот кога Македонија ќе ги спроведе сите неопходни реформи и кога целосно ќе го имплементира европското законодавство.
XS
SM
MD
LG