Достапни линкови

Подметнат пожар на еврејски гробишта во Дрезден


Вратата на една зграда во Новите еврејски гробишта во источногерманскиот град Дрезден е оштетена, откако непознати напаѓачи подметнале пожар. Огнот избувнал пред вратата на зградата во која се чуваат телата на покојниците пред погреб.
Огнот е изгаснат по брза интервенција на пожарникарите.
Полицијата верува дека мотивите за пожарот се ултранационалистички и антисемитски.
XS
SM
MD
LG