Достапни линкови

logo-print

Гадафи во дводневна посета на Италија


Либискиот претседател Моамер Гадафи пристигна во Рим на дводневна посета, заради одбележувањето на втората годишнина од потпишувањето на договорот за италијанско-либиско пријателство. Гадафи ќе се сретне со италијанскиот премиер Силвио Берлускони, утре по залезот на сонцето. Поради муслиманскиот свет месец Рамазан, Гадафи пости цел ден.
Шаторот на либискиот претседател е сместен во дворот на резиденцијата на либискиот амбасадор во Рим.
XS
SM
MD
LG