Достапни линкови

logo-print

Вработен во Орифлејм обвинет за пирамидални шеми во Иран


Шведското министерство за надворешни работи соопшти дека вработен во шведската фирма за козметика Орифлејм во Иран е обвинет за создавање пирамидална шема и користење на нелегални приходи од тоа. Обвинетиот е маж на околу 30 години, кој има и иранско и шведско државјанство.
Канцеларијата на Орифлејм во Техеран беше затворена минатата недела, а петмина вработени беа уапсени под обвиненија за создавање пирамидална шема и можна поврзаност со разузнавачки агенции. Иранскиот министер за разузнавање, вчера ја обвини компанијата дека се труди да ја наруши иранската безбедност.
XS
SM
MD
LG