Достапни линкови

Поставени вторите лавови на мостот Гоце Делчев


Поставени се преостанатите две склуптури на лав, од вкупно четири, од северната страна на мостот Гоце Делчев. Лавовите, од авторот Константин Јанев, се поставени на двете страни од мостот во стражарска положба. Изработени се од бронза, тешки се по 5,5 тони, а високи се 5 метри. Двата лава чинат 1 милион 180 илади евра и се дел од владиниот проект „Скопје 2014“.
Пред пет дена беа поставени и двата лава од јужната страна на мостот.
XS
SM
MD
LG