Достапни линкови

Нафтовод Русија-Кина


Рускиот премиер Владимир Путин свечено го пушти во употреба нафтоводот што треба да ја носи сибирската нафта во Кина. Зборувајќи во источниот сибирски град Сковородино, Путин рече дека нафтоводот е важен проект за Русија, зашто помага да се рашири продажбата на енергетските ресурси. Засега, најголем дел од руските енергенси се извезуваат во Европа.
Путин рече дека испораката на нафтата треба да почне до крајот на годинава, и преку нафтоводот ќе се испорачуваат 30 милиони тони нафта годишно. Планирано е и зголемување на капацитетот за да се испорачуваат и до 50 милиони тони годишно.
XS
SM
MD
LG