Достапни линкови

Повредени полицајци на натпреварот Вардар-Пелистер


Двајца полицајци се повредени, а едно полициско комбе е оштетено во синоќешните нереди што избиле на фудбалскиот натпревар Вардар-Пелистер во Скопје. Полицијата приведела 12 навивачи на Вардар.
До инцидентот дошло, кога вардаровите навивачи се обиделе да ги нападнат фановите на битолскиот клуб, но биле спречени од полицијата.
Тогаш, навивачите на Вардар почнале да фрлаат тврди предмети и ги повредиле двајцата полицијаци во пределот на главата. Полицајците се пренесени во Ургентен центар-Скопје, за укажување на лекарска помош, соопштува МВР.
XS
SM
MD
LG