Достапни линкови

Пакистан се бори да ги спаси градовите пред надојдената вода


Пакистанската армија и работници денеска беа во воена состојба, обидувајќи се да го спасат јужниот град Тата, откако повеќето од 300 ијади жители го напуштија градот бегајќи пред надојдената вода. Градските власти велат дека водата е на два километри од градот, а луѓето „френетично“ се обидуваат да ги зајакнат насипите.
Градот Суџивал во провинцијата Синд, пак, е поплавен 1,5 метар, откако насипите не ја издржаа водата.
Од досега невидените поплави во Пакистан се погодени околу 17 милиони луѓе. Обилните монсунски дождови ја преполнија реката Инд. Во провинцијата Синд, Инд има 40 пати повеќе вода од вообичаеното.
XS
SM
MD
LG