Достапни линкови

logo-print

Протести за „враќање на честа на Америка“


Десетици лијади луѓе вчера протестираа пред зградата на Линколн меморијалот во Вашингтон. Протестот беше организиран од конзервативниот водител Глен Бек од телевизијата Фокс, кој ги повика слушателите да дојдат во Вашингтон да „ја вратат честа на Америка“.
Меѓу говорниците на протестот беше и републиканската кандидатка за претседател во 2008 година, Сара Пејлин.
Таа рече дека Америка не смее фундаментално да се трансформира, „како што некои би сакале“.
Протестот беше критикуван од некои организации за човекови права, затоа што се одржува во ист ден и на исто место каде што, пред 47 години, Мартин Лутер Кинг го одржа славниот говор на кој ја изговори познатата реченица „Јас имам сон“.
XS
SM
MD
LG