Достапни линкови

logo-print

Привршува истрагата за американските планинари во Иран


Привршува истрагата за случајот со тројцата млади американски планинари притворени во Иран, изјави министерот за разузнавање на Иран Хејдар Мослехи, за иранската новинска агенција ИСНА.
Тој вели дека резултатите ќе бидат соопштени веднаш по завршувањето на истрагата. Мослехи и другите ирански функционери претходнo ги обвинија планинарите за шпионажа.
Планинарите беа уапсени во јули минатата година и се обвинети дека нелегално влегле во земјата од северен Ирак.
XS
SM
MD
LG