Достапни линкови

logo-print

Осум луѓе со кривична пријава за убиството на српскиот турист во Охрид


Осум луѓе добија кривични пријави за убиство од охридската полиција, поради претепувањето до смрт на српскиот турист Дејан Новаковиќ, вчера во Охрид. Седуммина од пријавените се македонски, а еден е српски државјанин. Еден од нив е осомничен и за „помагање на сторител по извршено кривично дело“, затоа што ја избришал датотеката од компјутерот во кое стои видео записот од безбедносните камери поставени во ноќниот клуб каде што започнала тепачката, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG