Достапни линкови

ОН загрижени за состојбите во Пакистан по поплавите


ОН соопштуваат дека стануваат се позагрижени поради ширењето на болестите и гладта, особено меѓу децата, по големите поплави што го погодија Пакистан. Функционерката на УНИЦЕФ, Карен Ален рече дека стравува од болестите што се појавија по поплавите како што се дијареја, дехидрација и неухранетост. Таа вели дека најголема опасност има во пределите каде што неухранетоста била голема и пред поплавите.

XS
SM
MD
LG