Достапни линкови

logo-print

Иванов: МПЦ и СПЦ мора сами да го решат проблемот


Спорот меѓу Македонската и Српската православна црква е црковно прашање што мора да го решат двете цркви, а политичарите можат да помогнат за создавање амбиент за негово затворање, изјави денеска претседателот Ѓорге Иванов. Тој вели дека тој проблем ги оптоварува сите верници во Македонија, но оти тоа е црковно прашање. Иванов рече дека за тоа прашање разговарал и со неговиот српски колега Борис Тадиќ, но во контекст на создавање амбиент да се реши проблемот меѓу црквите.
„Тоа е црковен проблем што мора црквите да си го решат, но ние политичарите мора да создаваме амбиент и комункација за да се дојде до некое решение“, рече претседателот Иванов.
XS
SM
MD
LG