Достапни линкови

МКГ: Решение на спорот за името ќе ги намали тензиите во регионот


Спорот за името меѓу Македонија и Грција треба да се реши што поскоро, а тоа ќе придонесе за намалување на тензиите во регионот, препорачува Меѓународната кризна група(МКГ) во извештајот за Косово и Србија и за ризиците по регионот по одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг за легалноста на косовската независност.
Тие предупредуваат дека идеите за поделба на Косово по етнички клуч или за размена на територии меѓу Белград и Приштина, може да предизвикаат дестабилизација и сепаратизам во Македонија и БиХ, и затоа меѓународната заедница треба да го спречи тоа. Скопје и Сараево треба да се изолираат од косовските проблеми, а за намалување на тензиите во регионот позитивно ќе влијае и што поскорото решавање на спорот за името, сугерира МКГ.




XS
SM
MD
LG