Достапни линкови

logo-print

Русија ќе гради нов космодром


Рускиот премиер Владимир Путин најави дека до 2018 година Русија ќе почне да лансира вселенски летала со екипаж од нов космодром на руска територија. Тој нагласи дека тоа е стратешка потреба на Русија. Космодромот ќе биде лоциран во градот Восточни на крајниот исток на земјата. Се очекува, летала без екипаж да почнат да се лансираат во 2015 година.
Русија сега, за вселенски и комерцијални лансирања, го користи космодромот Бајконур во Казахстан кој е изграден во советската ера. Во северна Русија има уште еден космодром, но тој се користи само за лансирање на воени сателити.
XS
SM
MD
LG