Достапни линкови

Израел исполни 5 од 7 турски барања на нормализација на односите


Израел исполнил пет од седумте барања на Турција за обновување на билатералните односи, соопшти турското министерство за надворешни работи.
Односите меѓу двете држави се влошија по смртоносниот напад на израелските командоси врз меѓународниот конвој бродови со хуманитарна помош за Појасот Газа на 31 мај, во кој загинаа девет турски пропалестински активисти.
Турската Влада бара уште Израел да се извини за нападите и да даде надомест за жртвите.
XS
SM
MD
LG