Достапни линкови

logo-print

Македонија со кредит од 18, 6 милиона евра за Коридорот 10


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска го оцени како прифатлив Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договорот за заем за Проектот за подобрување на железничкиот коридор 10. Со заемот се обезбедуваат 18,6 милиони евра за реализација на проектот, што ќе го имплементира Министерството за транспорт и врски, кое дополнително во рамки на својот буџет треба да обезбеди средства за подмирување на обврските по основ на ДДВ.
XS
SM
MD
LG