Достапни линкови

Тодоров - Не ни треба меѓунационална ревизија на учебниците


Ревизијата на учебниците не смее да се претвори во меѓунационална ревизија на ставови особено не во делот на историјата, рече денеска министерот за образование и наука Никола Тодоров во разговор со новинарите.
Според него, во ревизијата ќе бидат вклучени албански професори и експерти, Македонци, Турци, Срби,.. кои треба да дадат експертско, а не национално мислење.
Претседателот на Здружението на албански издавачи Мухамед Муртези претходно изјави дека има многу грешки во делот на историјата на албанците. Според него, исто така, одлуката на Министерството за образование и наука да се ревидираат сите учебници од основно и средно го загрозува целиот наставен процес што треба да почне на 1-ви септември.
XS
SM
MD
LG