Достапни линкови

logo-print

Романија добила 85 милиона за проекти за ромите


Романија досега од еврофондовите добила 85 милиони евра за проекти - специјално наменети за Ромите, изјави денеска државниот секретар во романското Министерство за труд, семејство и социјална помош Валентин Мокану.
Мокану вчера и завчера учествуваше на средби во Париз со француските официјални претставници за проблемите на Ромите. Вчера Франција протера стотици роми на што реагираа и Обединетите нации денеска побараа од Париз да ја запре колективната депортација на ромите и изразија загриженост во врска со политичките говори со дискриминирачка содржина во таа земја.
XS
SM
MD
LG