Достапни линкови

logo-print

Вестервеле: независноста на Косово, неповратна


Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле денеска во Приштина изјави дека независноста и територијалниот интегритет на Косово се неповратни и оти тоа го потврди и Меѓународниот суд на правдата. Тој по состанокот со претседателот на Косово Фатмир Сејдиу и со премиерот Хашим Тачи ги повика земјите кои до сега ја немаат признато независноста на Косово тоа и да го сторат. Со престојот на Косово Вестервеле ја завршува балканската турнеја во рамките на која престојуваше во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG