Достапни линкови

Декларација за 100 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза


Македонскиот парламент денеска едногласно усвои Декларација по повод 100 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, на предлог на пратеници од повеќе пратенички групи. ,,Животот на Мајка Тереза ја праќа универзалната порака до светот за помагање на луѓето, за хуманоста и пожртвуваноста во името на добрите дела. Нејзиното дело претставува охрабрување и инспирација за граѓаните на Македонија, на регионот и на целиот свет,, се вели во Декларацијата која ќе биде доставена, меѓу другото, до Ватикан и до Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG