Достапни линкови

ОН бараат запирање на депортацијата на ромите


Обединетите нации денеска побараа од Франција да ја запре колективната депортација на ромите и изразија загриженост во врска со политичките говори со дискриминирачка содржина во таа земја. До оваа реакција дојде откако вчера Франција протера стотици роми. Досега од таа земја се депортирани околу 8 илјади и триста романски и бугарски роми.
XS
SM
MD
LG