Достапни линкови

Размена на територии, неприфатливо!


Косовското знаме

Косовското знаме

Идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово, во албанскиот политички блок во Македонија не наидува на одобрување.

Идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово е неприфатлива за Албанците. Ова се коментарите во албанскиот политички блок по последниот извештај на Меѓународната кризна група за Косово и Србија во кој оваа невладина организација предлага неколку можни решанија за северот на Косово, но и сами истакнуваат дека најконтроверзниот предлог како што е размена на територии меѓу Србија и
Меѓуетничките односи ќе се влошат и ќе имаме нови и нови опции за Република Македонија, тоа зависи од ситуацијата што ќе создаде на Балканот
Косово не би требало да се исклучи. Не би требало да се впуштаме во вакви игри, вели Тахир Хани од владината ДУИ, а доколку би се случило ова, би имало последици и врз Македонија со оглед на мултиетничкиот карактер на државата, вели Хани:

,,Меѓуетничките односи ќе се влошат и ќе имаме нови и нови опции за Република Макеоднија, тоа зависи од ситуацијата што ќе создаде на Балканот."
Macedonia - Weapons seized by Macedonian police in Radusa near Skopje on Macedonian-Kosovo border, 12May2010

Документот на МКГ не е обрзувачки и оваа невладина организација секоја година издава извештаи. МКГ ја споменува можноста Прешевската долина во Србија да биде замена за северот на Косово. Против ваквата идеја од било која страна да се отвора, се изјаснуваат и експертите. Возобновувањето на еден ваков концепт во регионот на Балканот може да има имликации врз целиот регион затоа што може да ја отвори пандорината кутија на нерешените прашања кои сеуште тлеат во регионот на Балканот посебно во контекст на Македонија, коментира професор Звонимир Јанкуловски. Самата идеја е ирационална дека некој би се согласил на тоа и начинот на кој може да се изведе, а со неа се дава легитимитет на тенденциите на отцепување, коментира Јанкуловски:
Така што во контекст на Макеоднија секако би имало импликации. Самата идеа е ирационална и без можност да биде реализирана ниту во блиска, ниту во подалечна иднина


,,Во меѓународното право најчество сецесионизмот се јавува како една од најдискутабилните теми во контекст на малцинствата во државите каде што се населени со помногубројно малцинско население во дадената територија. Така што во контекст на Макеоднија секако би имало импликации. Самата идеа е ирационална и без можност да биде реализирана ниту во блиска, ниту во подалечна иднина."

Можноста да дојде до прекројување на границите како идеја постои и е многу присутна на Балканот. Создавање на етнички чисти држави е еден од концептите кој беше предлаган кон крајот на 20-от век за разрешување на проблемите кои базично ги притискаат балканските држави поради нивната мултиетничност и проблемите кои мултиетничноста и градењето на ваква држава ги носи.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG