Достапни линкови

logo-print

Путин бара продолжување на изградба на патот Москва - Санкт Петерсбург


Рускиот премиер Владимир Путин денеска изјави дека Русија мора да продолжи со плановите за изградба на автопатот од Москва до Санкт Петерсбург. Оваа изјава на Путин дојде ден откако рускиот претседател Дмитриј Медведев го суспендира проектот, за кој еколозите протестираа до години затоа што автопатот минува низ шумата Кимики. Во неделата, околу 2.000 луѓе на концерт во Москва протестираа против плановите да се изгради автопат. Владејачката партијата на Путин, Обединета Русија оваа исто така, повика на изградбата да биде стопирана во очекување на натамошни студии за патот.
XS
SM
MD
LG