Достапни линкови

Кенија не го уапси Претседателот на Судан Омар ал Башир


Кенија, како што јавуваат новинските агенции, не ја исполни обврската за апсење на Претседателот на Судан Омар Хасан ал Башир кога тој пристигна на аеродромот во Најроби каде ќе присуствува на промоцијата на новиот кениски устав. Ал Башир е обвинет од Меѓународниот Криминален Суд за геноцид и воен криминал во регионот Дарфур. Кенија е потписник на Римскиот статус кој бара од државите да соработуваат со судот.
XS
SM
MD
LG