Достапни линкови

Влаховиќ екстрадиран од Шпанија во Босна и Херцеговина


Шпанија синоќа го екстрадира во Босна и Херцеговина, Веселин Влаховиќ, обвинет за воени злосторства.
Влаховиќ кој е познат како „чудовиштето од Грбавица“, роден е во Црна Гора. За него беа распишани три меѓународни потерници.
Обвинителството на БиХ го товари Влаховиќ за стотици убиства, за силување и тортура врз жителите на сараевскиот кварт Грбавица за време на војната во БиХ (1992 - 1995).
Влаховиќ беше уапсен во Шпанија во март годинава под сомнение дека учествувач во вооружен грабеж. Тој беше осуден и во Црна Гора за вооружен грабеж во 1998 година, но во 2001 година избега од затвор. Тој е осуден и на 15 години затвор во Србија поради убиство на Србин откако побегна од затворот во Црна Гора.
На Влаховиќ ќе му суди судот за воени злосторства на БиХ, кој е формиран во 2005 година.
XS
SM
MD
LG