Достапни линкови

Нова евакуација поради поплавите во Пакистан


Во Пакистан денеска е во тек евакуација на 300 илјади луѓе од градот Тхата во регионот Синд. Од три други соседни града беа евакуирани над 400 илјади луѓе.
До евакуацијата доаѓа откако реката Инд ја прели 6 метарската брана. Поплавите во Пакистан погодија милиони луѓе во земјата.
XS
SM
MD
LG