Достапни линкови

logo-print

Меѓународната кризна група за Србија и Косово


Косово и Србија имаат можност да ги надминат разликите и да воспостават билатералните односи по одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, според која прогласувањето на независноста на Косово не го нарушува меѓународното право, се заклучува во извештајот на Меѓународната кризна група. И покрај огромните тешкотии има основа за умерен оптимизам, бидејќи владите на Србија и Косово почнуваат да расудуваат пореалистично, се посочува во извештајот. Меѓународната кризна група забележува дека двете земји можат да ги надминат своите разлики доколку се спогодат за размена на северниот дел на Косово, населен со Срби, за српската Прешевска долина, во која доминира албанското население. Западните земји официјално се противат на промената на граници.
XS
SM
MD
LG