Достапни линкови

Данска одби да прати борбени авиони во Авганистан


Данска денеска го отфрли барањето на НАТО да испрати борбени авиони Ф-16 во Авганистан. Министерката за надворешни работи Лене Есперсен изјави дека Данска е една од земјите кои најмногу придонесуват за Авганистан , и дека сега е ред и на другите земји да ги исполнат барањата на НАТО. Данска има 750 војници во Авганистан во мисијата ИСАФ и земено пропорционало Данска има најголеми загуби од било која земја учесник во мисијата, со 34 загинати војници досега.
XS
SM
MD
LG