Достапни линкови

Јеремиќ:Србија нема да ја повлече резолуцијата


Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ по средбата со германскиот колега Гвидо Вестервеле изјави дека Србија нема да ја повлече резолуцијата за Косово, што ја поднесе до Генералното собрание на ОН, но дека е подготвена за се да разговара конструктивно. Вестервеле по средбата изјави дека дијалогот е непоходен заради фактот што независноста на Косово е реалност. Тој, претходно во порача дека постои шанса за директни разговори помеѓу Белград и Приштина, но дека местото за тоа е Брисел, а не Њујорк. На прашањето што Србија губи, а што добива доколку го прифати неговиот совет, Вестервеле изјави дека е многу важно да се покаже флексибилност и подготвеност за отстапки, а не да се оди на конфронтација.
XS
SM
MD
LG