Достапни линкови

Во понеделник старт на Анкетната комисија


Вo понеделник треба да почне со работа Анкетната комисија која треба да го расчисти собранискиот инцидент што се случи на 1 јули. Претседателот на Комисијата останува на ставот дека Комисијата треба да работи зад затворени врати , за да биде поефикасна. Од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да се мешаат во начинот на работата на Комисијата. Од опозициската СДСМ пак се противат да се работи зад затворени врати. Анкетната комисија за утврдување на околностите што доведоа до инцидент на 1 јули беше формирана на почетокот на месецот пред одморот на пратениците. Затоа и доби рок од 60 наместо вообичаните 30 дена да ја заврши работата и на Собранието да му предложи заклучоци
XS
SM
MD
LG