Достапни линкови

Родосквернавањето го шокира Велес


Велешани се во шок и бараат најстрога казна за таткото за кого полицијата откри дека ги силувал своите три малолетни ќерки.

СВР Велес го осомничи 41 годишен велешанец за сторено кривично дело родосквернавење врз трите сопствени малолетни деца и за семејно насилство врз својата 38 годишна сопруга. Дека таткото сексуално се изживувал врз децата потврдиле и самите во разговорот кој бил обавен со нив но како потврда се зема и болничкиот извештај во кој е потврдена дефлорацијата кај сите три девојчиња.
Покрај физичките кај дечињата има и препознатливи, видливи, длабоки психички трауми од веќе преживеаното


,,Покрај физичките кај дечињата има и препознатливи, видливи, длабоки психички трауми од веќе преживеаното. Во соработка со Центарот за социјални работи обавен е разговор со сопругата и трите малолетни деца и според досега добиените сознанија, осомничениот грозоморниот чин го вршел подолг временски период."

Велешкиот монструм имал уште едно дете, но тоа за среќа не било злоставувано. Грозоморното дело таткото го извршувал во домот и тоа во временски период кога сопругата била отсутна. Таа во еден момент се посмневала дека нешто се случува, но не ни претпоставувала што се се случува во домот. Децата се злоставувани, тие имаат психолошки трауми. Психолозите велат дека за развој на една здрава личност пресуден е периодот од 4 до 6 година на детето. Во овој случај две од децата во тој перид доживувале страшни трауми.
Не знам ова е нешто страшно, мислам дека би требало да се казни со најстрога казна


„Во оваа ситуација другиот родител треба да делува, треба да се ослободат граѓаните и да ги пријавуваат ваквите случаеви. Да бараат помош од стручни и специјализирани лица.“ рече м-р Асен Прличков, психолог.


Граѓаните бараат најстрога казна за сторителот, а институциите да спречат вакви злоупотреби на деца во иднина.

„Не знам ова е нешто страшно, мислам дека би требало да се казни со најстрога казна."

,,Жално е што ова му се случува на Велес. Тоа може да го направи некој дрогираш, манијак или пијаница“.

„Најстрого го осудувам овој чин и верувам дека институциите на системот ќе изнајдат максимална казна што може да ги спречи понатамошните вакви постапки од страна на родителите но и други луѓе." велат анкетираните граѓани.


Осомничениот татко досега не и бил познат на полицијата. Тој и сопругата биле невработени и имале четири деца.
XS
SM
MD
LG