Достапни линкови

logo-print

Наумовски:сите треба да работат за добивање позитивен извештај


Пред објавувањето на годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија, што треба да се случи на почетокот на ноември, вице премиерот за европски прашања Васко Наумовски оцени дека е потребно подобрување на политичкиот дијалог и соработка и подобро функционирање на општеството. Тој очекува сите вклучени страни кои имаат можност да работат за добивање добар извештај, да го дадат својот придонес Македонија и оваа година да добие позитивен извештај. За најголем дел од препораките кои биле дадени во минатогодишниот извештај се преземени чекори за нивна елиминација, а Владата ќе продолжи да вложува максимални напори и оваа година Македонија да добие добар извештај,изјави Наумовски


XS
SM
MD
LG