Достапни линкови

Eвропратеникот Поселт во посета на Македонија


Европратеникот Бернд Поселт, по денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов, изрази надеж дека Македонија би добила датум за преговори за време на унгарското претседателство со Европската Унија, кое ќе трае во првата половина од 2011-та година. Тој смета дека за време на претседателството на Унгарија, која ја смета за голем пријател на Македонија, постои добра можност за старт на преговорите. Според него, главен проблем до донесувањето на одлуката за старт на преговорите е злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Европратеникот и со совет за македонските политичари – да нема разногласија кога е во поглед европската агенда.

XS
SM
MD
LG