Достапни линкови

Медведев во Македонија?


Рускиот претседател Дмитриј Медведев

Рускиот претседател Дмитриј Медведев

За експертите важноста на посетата на Медведев на Македонија е поголема од евентуалната дилема дали со тоа праќаме сигнал за менување на надворешната политика.

Важен и голем настан за една мала држава е најавата дека претседателот на руската федерација, Медведев ќе ја посети Македонија, едногласни се експертите. Многу поважно и при тоа се позитивните страни, отколку евентуалната дилема што би можеле да ја оставиме, дали Македонија го менува курсот во надворешната политика. Користа што би можела Македонија да ја има се лоцира во полето на
економијата и енергетиката, но и евентуално во поглед на односите со моќната Руска Православна Црква.

,,Нашите интереси налагаат да имаме и поблиски контакти со Русија, од повеќе аспекти. Прво тука е економскиот аспект, тоа што Русија се покажува особено во последниве неколку години како главен инвеститор во енергетскиот сектор на Балканот."

,,Руската федерација е постојана членка на Советот за безбедност, докажан пријател на Македонија, имајќи во предвид дека најголем предизвик во овој момент за Македонија во делот на економијата, е гасификацијата."

Владо Бучковски
Велат политикологот Владимир Божиносвки и пратеникот од СДСМ и поранешен министер за одбрана, Владо Бучковски.
Од друга страна секако Медведев нема да дојде да го поттикне нашиот државен врв да ги забрза процесите кон нашето европско и евроатлантско интегрирање, додава аналитичарот Хисен Рамадани, зошто ги знаеме руските резерви кон тоа, па оттука може да се очекува дека во јавноста посетата на рускиот претседател ќе одекне и во поглед на нашето одложување на овие процеси, особено како наша порака до меѓународните организации во врска со апсурдноста на интеграциското статус кво, додава Рамадани.


,,Нашите ќе седат на тоа дека како да сме натереани да бараме алтернатива. Јас мислам дека ова ќе им служи на тие што сакаат, како на пример идниот амбасадор во НАТО со оној говор што го оддржа, ова им доаѓа добредојдено. Во смисла "еве и вие видете, па размислете."

Сепак експлицитно, Македонија нема да ја испрати пораката дека бара нови алтернативи, вели Рамадани зошто како што се согласува и Божиновски засега Македонија други алтернативи нема.

,,Едноставно евроатлантските интеграции се предодредени за Македонија и ние продолжуваме со нив и за тоа алтернатива нема."

Вели Божиновски. Грција и Бугарија коишто се членки на НАТО и на ЕУ се исто така во блиски односи со Руската федерација, велат експертите па тоа ни во нивниот случај не се гледа како на промена на курсот на надворешната политика. Русија и Македонија треба да го официјализираат меѓудржавниот договор. Од Кабинетот на претседателот не се соопштуваат никакви детали во врска со содржината на договорот.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG