Достапни линкови

Франција со кампања против смртната казна во Иран


Франција започна кампања да се запре смртната казна со каменување во Иран. Кампањата се интензивираше откако во неа се вклучи и претседателот Никола Саркози. Двајца поранешни претседатели и сопругата на сегашниот претседател Карла Бруни, исто така, се меѓу потписниците на петицијата . Кампањата е за да се запре со извршувањето на смртната казна со каменување на една жена осудена заради неверство и за соучество во убиството на мажот. Францускиот претседател рече дека случајот го отсликува иранскиот режим кој се служи со средовековни форми на казнување, како што е каменувањето.
XS
SM
MD
LG