Достапни линкови

Руската полиција против активистите на концертот на U2


Амнести Интернешнел соопшти дека 5-мина негови активисти биле уапсени вчера додека делеле летоци на концертот на Ју Ту во Москва, на кој еминентни критичари на Кремљ биле на бината заедно со ирскиот рок бенд. Подоцна активистите биле ослободени без никакво обвинение. Директорот на Гринпис во Русија, Иван Блоков изјави дека шаторите на Амнести, на Гринпис и на хуманитарната организација на Ју Ту биле отстранети од полицијата која забранила и да се собираат потписи со петиции против власта.

XS
SM
MD
LG