Достапни линкови

Масовни силувања во Конго


Соединетите Држави изразија длабока загриженост од извештаите за масовни силувања во Демократска Република Конго. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон ќе соработува со локалната влада и со Обединетите Нации за виновниците да се изведат пред суд. Според Клинтон, има информации дека масовните силувања ги извршиле така-наречените демократски сили за ослободување на Руанда и припадници на пара-воените групи Маи Маи во источен Конго.Обединетите Нации јавија дека најмалку 154 цивили во Конго биле силувани во нападот на хуту бунтовниците од Руанда врз 13 села меѓу 30-ти јули и 2-ри август.
XS
SM
MD
LG