Достапни линкови

Нема веќе бесплатни цигари на Куба


Кубанската влада објави дека од 1-ви септември, во месечното следување што го добиваат постарите кубанци, веќе нема да има цигари. Кубанците постари од 55 години досега имаа право на три кутии силни и една кутија послаби цигари месечно. Пензиите на Куба се околу 6 евра месечно, па пензионерите често ги продаваа или менуваа цигарите за месо, брашно, шекер или други прехрамбени производи. Критичарите истакнуваат дека Владата во Хавана го изневерила главното ветување од револуцијата во 1959-та година дека социјализмот нема да го збогати народот, но сите ќе имаат за задоволување на основните потреби. Платите на Куба се околу 16 евра месечно.
XS
SM
MD
LG