Достапни линкови

Девет авганистански полицајци загинале во напад од Талибанци


Агенциите јавуваат дека талибанските бунтовници извршиле напад врз авганистанска полициска станица во северниот дел на земјата. Официјални претставници на провинцијата Кундуз соопштија дека во нападот биле убиени деветмина полицајци. Според нив, нападот е извршен пред зори, додека полицајците спиеле. Овој последен напад од герилците се случува во подрачје од Авганистан што се сметаше за релативно безбедна област.
XS
SM
MD
LG