Достапни линкови

Одбележување на 100- годишнината од раѓањето на Мајка Тереза


Собранието на РМ денеска ќе одржи седница по повод одбележувањето 100 години од раѓањето на големата хуманистка и нобеловка, скопјанката Мајка Тереза. Во галерискиот простор на Спомен-куќата на Мајка Тереза, пак, ќе биде отворена изложба на фотографии а претходно, католичкиот катедрален храм „Пресвето Срце Исусово“ ќе одржи Понтификална света литургија. Централното чествување ќе биде во Македонската академија на науките и уметностите на 5-ти идниот месец, на денот кога Мајка Тереза почина. Таа е родена на 27 август 1910 година како Агнес Гонџа Бојаџиу во Скопје. За нејзиното несебично дело Бојаџиу доби голем број награди, а најзначајна е Нобеловата награда за мир од 1979 година. Почина на 5 септември 1997 година во Калкута, каде што и беше погребана во присуство на бројни претставници од светската јавност.
XS
SM
MD
LG