Достапни линкови

Грција:малите и средни претпријатија погодени од кризата


Над 80 проценти од малите и средни претпријатија во Грција се соочуваат со рекордно влошување на финансиската состојба поради економската криза, која ја погоди земјата , покажува истражувањето спроведено од Конфедерацијата на занаетчиите и трговци . Влошувањето се одражило на нивниот промет, побарувачка, им се намалиле нарачките, по што над 20 проценти од фирмите велат дека имаат потешкотии во продолжувањето на бизнисот, додека една од пет фирми планира наскоро да ја промени дејноста. Истражувањето покажува дека постои голем ризик за скратување на 300 илјади работни места до крајот на следната година.
XS
SM
MD
LG